
Македонскиот олимписки комитет информираше дека Македонија на Зимските олимписки игри во Милано и Кортина во Италија ќе учествува со четири спортисти. Македонскиот олимписки тим е подготовен и ќе има четири спортисти кои ја исполнија квотата да ги бранат боите на Македонија.
Во нордиско трчање на спринт и интервал старт трка на 10 километри Македонија ќе ја претставуваат Ана Цветановска во женска и Ставре Јада во машка конкуренција. Во алпско скијање слалом и велеслалом во машка конкуренција ќе биде Мирко Лазарески, а во женска конкуренција ќе биде Јана Атанасовска.
Од Македонскиот олимписки комитет истакнаа дека нашите претставници се подготвени за предизвикот кои им следи на снегот.
Александар Ванев, М-Нет