
Влегуваме во самата завршница од актуелната сезоната во Третата македонска фудбалска лига се одигруваат последните натпревари по што ќе ги имаме сите шампиони во петте третолигашки региони, два се потврдени, а трите се речиси сигурни и веќе можеме да кажеме дека ќе бидат шампиони и со тоа ќе играат бараж за Втора лига.
Лидерот Големо Коњари однесе висока победа од 4:0 над Башкими 2008 и со тоа веќе оди кон потврда на првото место и шампионската титула во Трета лига – Југ. Превалец со 1:3 славеше на гостувањето кај поранешниот второлигаш Росоман, Венец со 2:0 во Долни Дисан беше подобар од Бучин, додека пак на мечот меѓу Слога Лажани и Ултрас немаше победник реми од 3:3. Екипата на Дреново во меч со пет гола го доби Влазними Јуниор со конечни 3:2.
Реми без голови на мечот меѓу Карбинци и Брегалница од Делчево во рамки на 16. коло на Трета лига – Исток. Шампионот Слога Виница со убедливи 0:4 славеше убедлива победа над Дојранско Езеро во Дојран, а пак Ударник со 2:1 го доби Светлост од Зрновци.
Овче Поле на домашен терен претрпе пораз откако со 1:3 загуби од последнопласираната Тиверија од Струмица, која конечно се израдува на триумф, пак екс прволигашот Хоризонт Турново со минимални 1:0 славеше над Малеш од Берово.
Овде екипата на Слога Виница е шампион и тимот на штипскиот стратег Емил Грнев се подготвува за баражот за Втората македонска фудбалска лига.
Во Трета лига – Север се води битка за опстанок, откако Шкендија Арачиново стана шампион на неколку кола до крајот, сега фокусот е на опстанокот во лигата. Тимот од Арачиново во рамки на 22. коло донесе убедлива победа од 0:5 над Беса Влазрими, Ржаничино и БВК Коњаре одиграа 1:1, а пак последнопласираниот Њу Старс со минимални 0:1 славеше над Башкими Љуботен.
До многу важен триумф во битката за опстанок дојде Академија Илинден откако со 3:2 го доби Аеродром, а пак Фортуна со минимални 1:0 беше подобра од Куманово.
Ринина на домашен терен загуби од Пчиња со 0:1, а пак екс прволигашот Еуромилк ГЛ со 1:2 загуби од поранешниот второлигаш Кадино.
Во рамки на 17. коло на Трета лига – Југозапад екипата на Сатеска од Волино со 3:6 го декласираше ланскиот второлигаш Караорман во Струга, Влазними со 3:0 беше подобар од Кораб, а пак Кравари со 4:0 го доби тимот на Света Троица од Охрид.
Евротип откина бодови од лидерот Преспа играјќи 2:2, а пак Велешта со 3:2 беше подобра од Демир Хисар. Во овој регион Преспа е пред прогласување на шампион.
Во Трета лига – Запад се одиграа натпреварите од 21. коло каде лидерот Тетекс со убедливи 7:2 го декласираше Вардар Брвеница со што „штофарите“ се пред прогласување на шампиони, Џепчишти со 6:3 го доби Доброшти. Екс прволигашот Ренова со 4:5 го доби Влазерими, а пак Велазерими Слатино со 1:2 загуби од Љуботен. Екипата на Зајази со 1:2 беше поразена од некогашниот прволигаш Напредок од Кичево, а пак Речица со 3:2 славеше над Камјани.
Александар Ванев, М-Нет