Основци и средношколци беа дел од натпреварот по прва помош во Штип

Учениците од основните и средни училишта денеска беа дел од натпреварот по прва помош кој се органзираше во Штип. Целта е младите уште од мали нозе да се стекнат со основни знаења за првата помош. Натпреварот се организира неколку години по ред, а учениците имаат можност да покажат како се делува во итни случаи, при повреди и слично.

„Натпреварот се спроведува на траекторија со три работни бази по првата помош, една од спортско и забавно рекреативен карактер, катче за ментално здравје, како и квиз за десиминација. За успешна реализација на натпреварот ангажирани се судии, шминкери како и голем број на волонтери за логистичка поддршка.“ – вели Димитровска.

Праксата покажува дека се повеќе младите се вклучуваат во активности и настани преку кои учат како да дадат прва помош во дадена ситуација. Дали станува збор психолошка помош, брза помош при изгубена свест или само повик на 194 сепка тие реагираат во итна ситуација.

„Првата помош е животна вештина. Овде помагаат учесници кои се наоѓаат на лице место. Треба да се знае како да се делува во итна ситуација. На пример, загуба на свест, загуба на работа на срцето, дишењето и мора веднаш да се реагира.“- вели Манева-Ристова.

Учениците од основните и средни училишта сметаат дека ваквите натпревари се од големо значење и токму затоа се дел од нив. Учат како да пружат прва помош во итни случаи и кога тоа е најпотребно.

Екипата од средношколци која ќе победи денеска ќе продолжи на регионален натпревар по прва помош кој ќе се одржи на 17 мај во Скопје.

Лаура Стојанова Ќирчов, М-Нет