
Во есенскатата полусезона се случуваше тренерска вртелешка во Втората македонска фудбалска лига, шест второлигаши промени тренери, а две екипи ќе добијат дури трет тренер.
Не секогаш тренерската промена влијаела позитивно односно имало подобри резултати, но некаде имало ефект.
Охрид сезоната ја започна катастрофално, по што на такви очајни резултати тренерот Никола Илиевски – Џиџи си замина, а клубот привремено го водеше Ромео Кочоски, кој бележи одлични резултати, па стана трајна опција.
Тренерска промена имаше и во Радовиш, еден штипски тренер замина, дојде друг штипски стратег. Горан Здравков е старо нов тренер кој го наследи Иван Варадиновски и радовишани сега е во топ пет екипи на второлигашката табела.
Победа започна под водство на Јане Николоски кој потоа си замина, дојде Стојче Дунимаглоски како привремено решение, а остана како трајна опција. Победа е далеку од сигурна за опстанок, па во пролетниот дел ќе има навистина тежок предизвик за опстанок.
Осогово започна со Добринко Илиевски, клубот не играше според планот, па дојде Горанчо Георгиев, но останува да видиме дали Георгиев во пролетниот дел ќе го вади Осогово од резултатска криза и ќе води тешка пролетна борба за опстанок.
Борец промени два тренери, сега е без тренер, но резултатите и натаму очајни, претпоследно место со пет бодови. Велешкиот второлигаш сезоната ја започна со Љупчо Димитковски – Гањо, лоши резултати, порази и порази, па дојде младиот Даниел Стојановски кој имаше една победа и две ремија собра пет бодови и си замина. Клубот официјално не направи промоција на тренер, таму повеќе од јасно е дека ќе треба големи промени, останува да видиме што ќе се промени.
Вардарски промени два тренери, повратникот сезоната ја започна со Васе Беќаров кој собра два бодови, дојде Ѓоре Јовановски но без ефект и си замина, а на последното коло клубот кој остана без тренер на еден ден пред последниот есенски меч триумфираше над Осогово за прва радост.
На полусезона очекува трненерски промени, многу промени во играчкиот кадар бидејќи не очекува неизвесна пролет за опстанок, но и за Прва лига и баражот за Прва лига.
Александар Ванев, М-Нет