
Одбојкарската федерација на Македонија преку јавен конкурс ќе избир нови селектори на машкиот и женскиот национален тим, за што веќе федерацијата распиша јавен конкурс за избор на селектори.
Како што е наведено од страна на самата федерација кандидатите кои ќе сакаат да аплицираат на конкурсот ќе треба да исполнуваат неколку критериуми, односно кандидатот треба да биде дипломиран професор по физичко и здравствено образование или дипломиран спортски тренер по соодветниот спорт во случајот одбојка, завршен ФИВБ курс за тренери – LEVEL 1, да има континуитет во водење на машка односно женска сениорска екипа, кратка биографија, познавање на еден светски јазик односно англиски и план и програма за работа на машката односно женската сениорска репрезентација во период од четири години.
Александар Ванев, М-Нет