Тренерот „Анте“ со прв професионален договор во ФК „Swiegi United“ во Малта

Пријатни фудбалски вести ни доаѓаат од сончевата Малта за се поголемиот успех на наши фудбалери и секако стручњаци. Еден од нив е и штипјанецoт Антонио Доневски или во Штип попознат како Анте, некогашен Координатор на Пионерско – Младинските школи на Брегалница а сега гради успешна тренерска кариера во Малта.

Анте беше цела година тренер во ФК Sirens каде што мошне успешно ја водеше генерацијата У – 15 а неговата добра работа ја забележа раководството на една од најорганизираните екипи со младинска Школа а тоа е ФК „Swiegi United“.

Антонио Доневски Анте потпиша професионален договор со оваа екипа со која се надева дека ќе дојде до израз неговата стручност а со тоа и изртување на нови млади фудбалски таленти кои би биле перспектива на фубалот во Малта. Инаку Антонио Доневски паралелно со тренерската работа редовно ги следи сите стручни инструкции и новитети преку разните семинари и кампови надградувајќи ја својата стручност и засега располага со УЕФА „ А “ и „ Б “ фудбалска лиценца. Спортската редакција на МНЕТ ТВ му посакува успешна тренерска кариера зачинета со нови вредни фудбалски лиценци.

Драги Герасимов – Пушка Mnet.mk