Еден починат пациент во Кочани, седум нови хоспитализации од Ковид – 19 во Штип

Еден починат пациент во Кочани, нема починати во Штип. Ваква е ковид – статистиката за последните 24 часа. Извршени се 35 амбулантски прегледи во штипската болница, а хоспитализирани 7 нови пациенти. Тројца се оздравени и испишани. Вкупниот број на хоспитализации е 43, од кои 39 во модуларната болница и 7 на Кожното одделение. Од нив 10 се вакцинирани, а 30 се со потешка клиничка слика и имаат потреба од кислородна поддршка. Во модуларната болница има 11 слободни места, а на Кожното одделение – 3, информира портпаролот на Клиничка болница Штип, Марина Шуманска.

На Интерното одделение во Кочани има 14 хоспитализирани, од кои 4 се со кислородна поддршка. Регистрирани се 2 оздравени и испишани пациенти. На Интерното одделение, кое работи како ковид – оддел, има 3 слободни, а модуларната болница нема да се отвори, информира доктор Иле Постолов.

На територија на цела држава во последните 24 часа регистрирани се 702 нови случаи на Ковид – 19. Од нив 37 во Штип, по 9 во Делчево, Виница и Пробиштип, 5 во Берово, 4 во Кочани и 1 во Македонска Каменица.

Пријавени се 24 починати лица, од кои 21 во болнички услови и 3 во домашни услови.

Од регистрираните 1.119 оздравени пациенти, 23 се од Штип, 16 од Кочани, 8 од Пробиштип, 7 од Делчево, 4 од Виница, 3 од Берово и 1 од Македонска Каменица.

Бројот на активни случаи изнесува 13.952.

Ребека Спасова МНет