
Некогашниот центар на град Кочани, местото познато за повозрасните како рај, онаму каде што се направиле безброј веселби, денеска е слика од близу слична на хорор филм. Разрушена внатрешност, грмушки и трева од страната, отпадок и смет веднаш спротив самиот плоштад во град Кочани и здрадата на општинта. Граѓаните велат се сеќаваат на ова место, ама моментално сликата е многу грда, а вака е повеќе од една деценија.
„Абе добро беше јас овде правев свадба на ќерка ми, ама сега е вистинска депонија“

Хотел „Центар“ уште го носи старото име, ама не и убавината со себе. На овој простор денеска се прави се што не треба, воземирувачко е за кочананчани бидејќи се наоѓа речиси во самиот центар. Простоторот е приватен, па и од Локалната самоуправа не можат да сторат ништо конкретно иако во неколку наврати како што истакна Градоначалникот на Кочани, Николчо Илијев, неовластено влегувале и го чистеле просторот.
„Првин Локална самоуправа нема право да навлегува во приватни имоти. Вие добро го дефиниравте дека тоа е приватен имот и ние немаме право да навлегуваме во него. Имаше во неколку наврати поплаки од граѓаните дека инма поголема количина на смет, ние влегувавме и тоа кажувам неовластено и мислам дека тоа не е во ред, ангражирано е и јавното претпријатие се што е израснато од дрва, а се повеќе во јавна површина односно излегуват од оградата ќе бидат уредени. Значи тоа што е можно и е надвор од имотот ќе биде средено“ – додаде Илијев.
Како хотел „Турист“ ова место работеше во седумдесетите години каде се правеа забави, прослави и игранки. Ова не е прва реакција на граѓаните во Кочани, претходно се жалеа на неподносливата смрдеа која се ширеше од овде бидејќи несовесни граѓани овде вршат нужда.
Лаура Стојанова М-Нет