
На три локации и оваа година ќе се фрла светиот крст за празникот Богојавление – Водици во Општина Карбинци. За првпат годинава наместо во приватен базен како претходните години крстот ќе се потопи во реката во село Таринци, како и во село Карбинци и во село Долни Балван. Подоготовките веќе се завршуваат, а пријавувањето е во тек.
„Традиционално и оваа година на три локации во Карбинци ќе се фрла светиот крст по повод овој празник. Во Карбинци крстот се фрла во река Брегалница, во реката Брегалница од мостот во село Долни Балван, како и во реката во село Таринци.“ – вели Пуанов.
Пријавувањето е во тек и во останатите населени места каде во понеделник верниците ќе скокаат по светиот крст. Во Штип традиционално крстот ќе се потопи во водите на река Брегалница во Ново Село и во населбата Осми Ноември. До сега се пријавени над 40 верници. Сите оние кои сакаат да скокаат по светиот крст треба да бидат здрави и крстени.
Потребно е верниците кои ќе скокаат по светиот крст да не консумираат претходно алкохол и да бидат телесно подготвени.
Лаура Стојанова Ќирчов, М-Нет