
Утре шефот на стручниот штаб Крсте Крстев со првата прозивка на Градскиот стадион во Кочани ќе означи почеток на зимските подготовки на второлигашот Осогово.
„Жетварите“ утре со првиот состанок на кој ќе биде соопштен планот за подготовки и првиот тренинг ќе започне со подготовките за пролетниот дел во кој тимот ќе цели кон директен опстанок.
Веќе се договорени и пријателски натпревари преку кои Осогово ќе ја проверува формата. Првиот пријателски натпревар се игра против Детонит Плачковица на 24 јануари, а четири дена подоцна следува пријателски меч со третолигашот Аеродром.
На 31 јануари Осогово ќе ја проверува формата со Беласица, додека пак на 7 февруари ќе биде тестот со есенкиот шампион во Прва лига, скопски Вардар.
Генералката е закажана за 13 февруари, кога Осогово ќе ја проверува формата со Вардар Неготино.
Пролетната полусезона Осогово ја отвара на домашен терен против Каменица Саса.
Александар Ванев, М-Нет