Трагедија во Штип

Штипјанец трагично го загуби животот по пад од тераса на станбен објект во населбата Осми Ноември. Настанот се случи денес околу пладне, по што на лице место пристигна Итната помош која само ја констатираше смртта. На место на трагичниот настан увид изврши и полицијата, од каде сеуште немаат информации за причината на трагедијата која денес го потресе Штип.