
Во пресрет на летото и високите дневни температури се зголемува опасноста од појава на пожари на отворен простор. Со цел да не се повторни летото од минатата година, кога големи пожари беснееа и во близина на Штип, ТППЕ Штип се подготува навремено. Се прават содветни вежби, се зголемува опремата, а потребно е и но обучен млад кадар. На таков начин ќе се намали ризикот од големи пожари на отворено кои во минатото беснееа и по неколку денови.
Во меѓувреме ТППЕ Штип се подговува и за одбележување на денот на пожарникарите, 20 мај. Ренџов вели како и секоја така и оваа година ќе има пригодна манифестација, со одредени настани, доделување награди и признанија со кои ќе се одбележи денот на пожарникарите.
Освен во случаи на пожар, пожарникарите дејствуваат и во случај на сообраќајни несреќи.
Лаура Стојанов Ќирчов, М-Нет