
Ако може да се расветлат убиства може да се најдат сторителите на опожарените возила како во Штип, така и во државата – посочи денеска министерот за внатрешни работи Панче Тошкоски. Вели дека со капацитетите со кои располага министерството, но и поставувањето на камери во иднина ќе се подигне степенот на безбедност кај граѓаните.
„Добар дел од оние кои правеа ваков тип на кривични дела во минатото се откриени, се расветлени дел од тие случаи. Секако со подигањето на капацитетите на МВР во делот на видео надзорот кој го имплементираме и поддршката од страна на општините ќе го подигне степенот на безбедност. И во иднина сум сигурен дека со зголемување на овие капацитети посоодветно ќе може да одговориме на сите предизвици. Ако можеме да разбиеме само во една акција и да расветлиме осум убиства кои претходно не ги расветлиле 30 години сметам дека ќе одговориме соодветно и на таквите прекршоци“ – вели Тошковски.
Претходната година трендот на опожарување на возила беше доста зачестен. Само во Штип во рок од два месеци се запалија четири автомобили меѓу кои и возилото на управителот на М-Нет телевизија како и на претходниот началник на СВР Штип.
Лаура Стојанова Ќирчов, М-Нет