
По 30 години се отстранува старата коцка на улицата „Сане Ѓоргиев“ во Штип и ќе се пристапи кон реконструкција на оваа улица која се наоѓа во централното градско подрачје. Денеска се работи на подземната инфраструктура, а наредните денови ќе се работи и на реконструкција на улицата. Ова е по барање на овдешните жители, а Општината издвои нешто повеќе од два милиони денари.
„Сане Ѓоргиев се наоѓа во централното градско подрачје. Се решава еден децениски проблем на оваа улица и е по барање на граѓаните. Улицата беше со коцка и никогаш не е реконструирана“ – вели Јорданов.
Освен оваа улица во наредниот период предмет ќе бидат неколку улици во населбата Автокоманда и сите улиици во населбата Леваци. Ќе се работи со засилена динамика како штоо посочи Јорданов со цел подобра патна инфраструктура во градот.
„Во наредниот период ќе се работи во населбата Автокоманда, и Леваци каде ќе се работи и на подземната инфраструктура. Очекувам да се засили динамиката на работа и да се подобри патната инфраструктура во Општина Штип“ – додава Јорданов.
Покрај реконструкцијата на улиците се работи и на уредување на тротоарски површини, хортикултурно уредување пред станбени згради како и на останти барања од страна на граѓаните.
Лаура Стојанова Ќирчов, М-Нет