Точно 40 години проф. Блаже Китанов создавал квалитетни наставници и воспитувачи, денеска горд на постигнатото

Четириесет години секојдневно влегувал во истата зграда, со иста цел – да создава идни наставници и воспитувачи. За професорот Блаже Китански, работата никогаш не била само работно место, туку животна мисија. Од млад асистент на 26 години, па се до пензија, низ неговите раце поминале генерации кои денес ги учат и воспитуваат денешните деца. Добро и денес се сеќава на зборовите на неговиот постар колега проф. Иван Глигоров дека педагошката академија е како цветна градина – како ќе се однесуваат кон неа такви ќе видат идните наставници и воспитувачи. Токму така, со трпение и посветеност, Китански ги одработи своите точно 40 години.

,,Не беше лесно да се работи толку време. Јас тука го поминав целиот работен век, точно 40 години работа од педагошката академија, па и на педагошкиот факултет, од 80 ста до 2020 година. Секогаш е било возбудливо, интересно. Мотивирачки е да се работи на едукација на наставници за оделенска настава и воспитувачи. Јас се сеќавам на еден мој постар колега проф. Иван Глигоров, тогаш ми рече јас млад, дојдов овде на 26 години и ми рече ,,Блаже, ова е еден вид цветна градина. Како ќе работиме и како ќе се однесуваме такви ќе ни бидат и нашите наставници и воспитувачи.“, рече Китанoв

Иако тој е познат поет, есеист и критичар, а пишувањето и читањето се негово секојдневние, сепак е дециден младината оди во друг правец. Особено внимателни според него треба да бидат родителите пред учителите, за да создадат културни луѓе.

,,Одма да кажам дека имаме се помалку и помалку читатели, затоа што веќе технологијата навладува и сите дела тие ги препрочитуваат. Меѓутоа познато е дека само читање, држење книга враце треба да претставува празник, радост, а тоа е должност и на учителите и на родителите. Особено родителите што повеќе да работат со своите деца.“, додава Китанов

Според Китанов, денес е потребен нов пристап во работата со студентите, бидејќи се повеќе доминира технологијата.

Инаку, Китанов од 1980 година до 2020 бил активен во факултет. Во четири децениската работи зад себе остава многу, книги, многу пракса, знаења и пред се поттик за новите генерации.

Иван Митев, М-Нет