
Голем новогодишен музички концерт в петок организира Здружението на музички педагози на Македонија во Домот на културата Ацо Шопов во Штип. На сцената ќе настапат околу 350 ученици од целиот источен регион, а публиката ќе има можност да ужива, бидејќи е подготвена програма за сечиј вкус. Со концертот се одбележуваат 50 години од постоењето на здружението, 40-годишниот јубилеј на Макфест, како и 120 години од раѓањето на професрот Стефан Гајдов.
,,Здружение на музички педагози на Р.Македонија организира новогодишен концерт на кој што ќе настапат од цел источен регион, околу 350 ученици. Ќе има оркестри, солисти, играорна група. Настанот ќе се одржи на на 26 декември во петок во домот на културата во Штип. Пеесет години од постоењето на здружението музички педагози, 40 јубилејот на макфест, овде некој макфестовски хитови ќе бидат опфатени како еден мал микс. Концертот ќе биде во соработка со четирите штипки училишта. Повеќе јублиеи сакаме да опфатиме “, рече Наумов
Билетите ќе чинат 150 денари, потенцираат од здружението и бројот е ограничен. Топло ги поканија граѓаните да повелат и да уживаат.
,,Едноставно сакаме да покажеме на публиката што сме сработиле изминатиот период, заедно со учениците од четирите основни школи. Макотрпно работеврм во изминатиот период за да се покажеме во најдобро светло на овој новогодишен концерт. Некој ако сака да дојде, нека побрза, бидејќи мислам дека сме при крај со продажбата на билетите.
Инаку, концертот има за цел да создаде сеќавања, позитивни вибрации и празнична магија и со многу песна се испрати старата 2025 година. Здружението постои пет децении и често настапува со музички точки.
Иван Митев, М-Нет