
Градењето на иднината во редовите на ГФК Тиквеш Кавадарци доби конкретна потврда, откако младиот фудбалер Благој Стојчев го потпиша својот прв професионален договор со клубот.
Стојчев се обврза на соработка во времетраење од една и пол година, што е резултат на неговата посветена работа, континуиран напредок и довербата што ја добива од стручниот штаб и раководството на клубот. Овој потег е уште еден показател за стратегијата на Тиквеш да се потпира на сопствен кадар и развој на млади фудбалери од младинските категории.
Од клубот истакнуваат дека преку систематска и континуирана работа со младите селекции се поставуваат темелите за стабилна и одржлива иднина, а потпишувањето на професионалниот договор со Стојчев е само почеток на тој процес.
Во наредниот период се очекува уште неколку млади фудбалери од школата на Тиквеш да добијат професионални договори, со што кавадаречкиот клуб ќе продолжи да инвестира во развојот на сопствените таленти.
Од таборот на „црвено-белите“ му посакаа многу успех на Благој Стојчев во продолжението од кариерата и многу значајни настапи во дресот на Тиквеш.