
Организирана екскурзија, прошетки на чист воздух, другарување за време на зимскиот или пак за време на летнуиот распуст, посета на планина. Ова беше воочичаено на времето велат повозрасните штипјани кои се сеќааваат како некогаш заедно со нивните другарчиња оделе на планина, се сместувале во домови, биле дел од екскурзии и времето заеднички го поминавале и за време на зимскиот распуст. За разлики од тие добри времиња како што велат штипјани сега ситуацијата е многу поинаква, на зимување одат само децата чии родители имаат пари и можности за тоа. Децидни се дека нивното време недостасува а губат најмалите.
„Тогаш одеа децата на екскурзија, на летовање на Плачковица организирано. Сега нема. Сега ако имаш пари може да ги пратеш децата“ – велат граѓаните.
На Плачковица, детското одморалиште на Голак во Делчево биле само дел од локациите кои се посетувале некогаш. Денеска штипјани велат дека не знаат во каква состојба се наоѓаат детските одморалишта, иако дел од нив се песимисти и сметаат дека не се во добра состојба.
„Којзнае тоа само со хеликоптер треба да се оди до таму.“ – додавааат граѓаните.
Детското одморалиште Голак беше со надеж да се врати во правобитната состојба со што ќе се вратат посетителите и сјајот на планината. Минатата година од Општина Делчево посочија дека се прават напори за да се реконстуира објектот. Прашавме каква е моменталната состојба на детското одморалиште и до каде се активностите на терен, при што истакнаа дека одговор ќе има наредната недела.
Лаура Стојанова М-Нет