Тиквеш носи голгетер од Турција – напаѓач од Самсунспор пристигна во Кавадарци

фото: Самсунспор

ГФК Тиквеш е на чекор до официјализирање на ново интернационално засилување, откако во Кавадарци пристигна напаѓачот Муса Гуел, фудбалер кој доаѓа од редовите на турски Самсунспор.

Станува збор за 26-годишен офанзивец со меѓународно искуство, кој веќе тренира со тимот, а во тек е финализирањето на документацијата по што се очекува и официјална промоција од страна на клубот.

Во Тиквеш очекуваат новото засилување да донесе поголема ефикасност во нападот и да биде важен адут во продолжението од сезоната, во период кога секој бод може да има големо значење во битката за што подобар пласман.

Кавадаречкиот прволигаш во зимскиот преоден рок активно работи на засилување на ростерот, а ангажманот на напаѓач кој доаѓа од силно првенство како турското претставува јасен сигнал за амбициите на клубот во вториот дел од сезоната.