Слога Виница ремизираше со Аеродром – проверка на формата во првиот контролен натпревар

ФОТО: М Нет ТВ архива

Фудбалерите на Слога Виница го одиграа првиот пријателски натпревар во подготвителниот период, ремизирајќи 2:2 против третолигашот Аеродром од Скопје, на средба која помина во фер и коректна атмосфера.

Виничани изминатиот период интензивно тренираа на градскиот стадион и во спортската сала, со цел што подобро да ја темпираат формата пред продолжението од сезоната. Стручниот штаб на овој натпревар им даде шанса на сите расположливи фудбалери, за да се провери нивната подготвеност и моментална форма.

Головите за Слога ги постигнаа Михаел Воинов и Давид Спасов, а покрај домашните играчи, во составот имаше и фудбалери од околните општини, додека раководството на клубот во моментов води разговори и со неколку потенцијални засилувања.

Следниот тест за Слога Виница е закажан за наредната недела, кога на гостински терен ќе се сретне со екипата на Победа од Валандово, во уште една контролна средба во рамки на подготовките.