
Тиквеш и Брера одиграа без голови во дуелот од четвртото коло во Првата МФЛ во Кавадарци. Тоа е втор меч како домаќин што Тиквеш го заврши со резултат 0-0, по средбата со Работнички на отворањето на сезоната.
Тиквеш беше поактивен, имаше поголем посед, но АП Брера остана во цврст блок и знаеше што сака од ова гостување, да остане непоразена.
Двете екипи заслужија и повеќе од еден бод за борбеноста, меѓутоа за триумф сепак треба да се затресе и противничката мрежа.
Тиквеш може да жали за сериозните можности на Садик и на Стојанов, Брера ја имаше и фортуната, со оглед дека топката завршуваше и во рамката на голот, но резултатот не се промени.
Тиквеш и Брера по четири кола собраа по два освоени бода и репрезентативната пауза ќе ја искористат за дополнителна подготовка, со оглед дека се уште не можат да се пофалат со победа во новиот шампионат.
Извор: ФФМ