
Есенската полусезона во Првата женска фудбалска лига заврши, екипата на Тиверија Брера е есенски шампион, како единствен тим кој не е поразен во фудбалската елита на Македонија во женска конкуренција.
Тиверија Брера есенската полусезона ја завршува со 12 победи и едно реми и со 37 бодови на своето конто. Струмичкиот тим го има најефикасниот напад со постигнати 68 погодоци, а примени само пет погодоци.
На второто место есенската полусезона ја заврши Каменица Саса со 33 бодови, додека пак шампионот Љуботен ќе презими на третото место со 31 бод.
На 4. место е Скопје со 24 бодови, Истатов ќе презимува на петтото место со 16 бодови.
Топ Гол есенскиот дел заврши на шесттото место со осум бодови, Атлетико седми со шест бодови, на осмото место заврши Ас Јунајтед со шест бодови. Речица ќе презими на претпоследното место со три бодови односно во бараж зоната, а на дното е формално само откажаната Шкендија, што значи дека ќе нема директно испаѓање.
Александар Ванев, М-Нет