Текстилец УГД во Штип против Вардар Неготино ќе бара само втор триумф, дерби на Младост Богданци и Македонија ЃП

Вечерва ќе биде отворено 10. коло во Првата ракометна лига со натпреварот меѓу Мулти Есенс и Јехона, а ќе се комплетира со останатите натпревари кои се играат в сабота и недела.

В сабота Овче Поле во Свети Николе ќе го пречека тимот на Аеродром, каде домаќинот силно атакува на триумф за фаќање на приклучок кон место за плеј-оф.

Текстилец УГД во Штип ќе игра против ланскиот суперлигаш Вардар Неготино, во меч каде штипјани ќе ја бараат само втората сезонска победа, во однос на гостинот кој сака само триумф со цел да фаќање на место за плеј-оф.

Во Богданци ќе се одигра дерби меѓу Младост и Македонија ЃП, две екипи кои во плеј-офот ќе водат борба за пласман во Суперлигата. Дефинитивно овој меч ќе биде дерби на колото.

Партизан на домашен терен ќе игра против екипата на Шампион, додека пак Металург РА како голем фаворит на домашен терен во Автокоманда ќе го пречека струмички Астраион.

Во рамки на оваа рунда Драчево како голем фаворит ќе го пречека „фенерџијата“ Преспа Вардар од Ресен, екипа која е на дното без ниту еден позитивен резултат.

Александар Ванев, М-Нет