Тепачка помеѓу малолетници од Пехчево и Берово

На ден 09.08.2020 година, околу 01,05 часот, пред угостителски објект во Пехчево, нарушен е Јавниот ред и мир со тепачка помеѓу три малолетни лица, две од Пехчево и едно лице од Берово.  На тепачката и претходела  вербална расправија  при што трите лица си размениле по неколку удари и се здобиле со телесни повреди. Од страна на полициски службеници лицата се спречени во понатамошното нарушување на јавниот ред и мир и се однесени до Итна медицинска помош во Пехчево за укажување лекарска помош. Повикани се родителите на малолетниците и со истите е разговорано по што децата се пуштени дома. Се работи на целосно расчистување на случајот.