
Тепачка помеѓу двајца мажи пред угостителски објект во Македонска Каменица, нарушен јавниот ред и мир, ќе следува поднесок
На 07.10.2025 во 22:23 часот во Полициското одделение Македонска Каменица е пријавено дека во 22:20 часот пред угостителски објект објект во Македонска Каменица е нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу С.Ѓ.(27) од с.Косевица, општна Македонска Каменица и Д.М.(28) од с.Тодоровци, општина Македонска Каменица. По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.