
Климата останува најисплатлив избор за да се помине студената зима во Штип. Граѓаните велат, најдобро е климатизерите да работат континуирано на умерена температура, без целосно исклучување. Откако ќе се исклучат, просторијата брзо се лади, а повторното загревање троши многу повеќе електрична енергија. Особено во минусни температури, ова значително ја зголемува сметката за струја. Затоа, постојаното работење на климата се покажува како најекономично и најефикасно решение, велат граѓаните
Иако многумина се потпираат на огревот на дрва, како традиционален начин за загревбањ, сепак тие признаваат дека ова решение носи и свои предизвици. Поради потребата за постојано додавање дрва и големата прашина, дел размислуваат за помодерни и поудобни опции.
Во согласност со ситуацијата во моментот огревните дрва за кубик се движат од 4100 до 4300 денари. Кога би се зело во предвид целата работа, а подоцна и чистењето, многумина е откажуваат од оваа традиционална практика.
Иван Митев, М-Нет