Тепачка меѓу две жени од с.Баница утринава на Градски пазар во Штип

фото: архива/илустрација

Денеска (28.06.2024) во 06.20 часот во Штип, полициски службеници од СВР Штип ја привеле Д.Р.(39) од с.Баница, струмичко, поради тоа што на Градскиот пазар во Штип, по претходна расправија, физички ја нападнала И.Б.(21) од с.Баница, струмичко. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.