Прволигашко засилување за Шкендија Арачиново: Промовиран Љупче Трпески од Воска Спорт!

Третолигашот Шкендија од Арачиново сериозно влегува со амбициите за новата сезона, откако го претстави второто засилување кое доаѓа од Првата лига. Станува збор за искусниот Љупче Трпески кој од Воска Спорт доаѓа во Шкендија Арачиново.

29-годишниот Трпески во својата кариера има настапувано за Пелистер, Царев Двор од Ресен, Струга, Кораб од Дебар, Охрид и последно Воска Спорт, а сега го облекува дресот на третолигашот кој лани беше во втор во Трета лига – Север.

Трпески ја даде и првата изјава за телевизија М Нет по промоцијата во Шкендија Арачиново.

„Одлуката да играм за клуб од Трета лига после речиси цела сезона прва постава во Воска Спорт-клуб од Прва лига не беше лесна, но желбата и амбицијата да бидам дел од клуб кој допрва ќе расте во професионална смисла беше голем предизвик за мене, кој со големо задоволство го прифатив. Моите лични цели се да го споделам со целата екипа огромното искуство кое го стекнав изминативе години како стандарден првотимец, особено последната година и ќе го дадам својот максимум да растеме и напредуваме сите како семејство“, ни изјави Трпески.

Во новата сезона Шкендија Арачиново влегува со една една, а тоа да го освои првото место во Трета лига – Север и да игра бараж за влез во Втората лига, откако лани заврши на второто место со бод помалку од шампионот Куманово, кој пак загуби во баражот за Втора лига од прилепска Победа, која остана во второлигашкото друштво.

Александар Ванев, М-Нет