
Најдобрата македонската тенисерка Лина Ѓорческа го заврши настапот на ВТА 125 турнирот во Палермо, откако загуби во првото коло од Ерика Андреева со 2:0 во сетови за 82 минути игра. Двете тенисерки се наоѓаат една до друга на ВТА листата Ѓорческа е на 214. место, додека пак Андреева е 215 место.
Натпреварот беше решен во осмиот гем од првиот сет кога при сервис на Ѓорческа беа одиграни 32 поена, а Андреева ја искористи 10-та сет топка. Во вториот сет тенисерката од Русија имаше три брејка и сетот го доби со 6:0 во гемови. Македонскта тенисерка за учеството на турнирот ќе добие еден поен.
Следната недела Ѓорчека е пријавена за настап на ИТФ 75 турнир во Хешингем, Германија.
Александар Ванев, М-Нет