
Телесни повреди е исходот од вчерашната сообраќајна насреќа која се случи на патот Македонска Каменица – Делчево. Од СВР Штип информираат дека несреќата се случила на магистралниот пат во близина на Луковички рид, а во истата учествувале две возила. Едното, „фиат гранде пунто“, управувано од 51-годишник од Македонска Каменица, а другото, „рено клио“ со кочарски регистерски ознаки управувано од 18-годишен возач од каменичкото село, Тодоровци. Во несреќата со телесни повреди се здобила Ј.Г., која била сопатничка во возилото марка „рено клио“. Нејзе ѝ била укажана помош во Македонска Каменица, по што била препратена во Штип.