Текстилец УГД игра дерби во Штип против Јехона, Овче Поле сака триумф против Аеродром

Викендот ќе се одиграат натпреварите од 23. коло на Првата ракометна лига, а во Штип гостува екипата на Јехона од Гостивар, која ќе ги одмери силите со Текстилец УГД.

Ова ќе биде дерби меч за шесттото место на табелата, токму овие две екипи ја делат шесттата позиција со по 20 бодови, а победникот ќе биде сигурен на шестото место, бидејќи и немаат можност за повисок пласман.

Натпреварот меѓу Текстилец УГД и Јехона се игра во салата „Тошо Арсов“ во Штип со почеток од 16 часот.

Од 17 часот ќе се одигра дерби на колото меѓу Драчево Јуниор и Младост од Богданци, меч кој ќе го привлече вниманието, а гостинот ја има фаворитската улога.

од 19 часот екипата на Преспа на домашен терен ќе има тешка задача против фаворитот Македонија ЃП, „лавовите“ би требало да имаат лесна задача за нови бодови, а со тоа да продолжат да го напаѓаат четвртото место.

Од 20 часот се игра натпреварот меѓу Аеродром и Овче Поле, скопскиот тим е фаворит, а гостинот од Свети Николе сака изненадување за негово седмо сезонско славје.

Колото се затвара в недела со натпреварот меѓу Партизан и лидерот Мулти Есенс, меч кој се игра во Гевгелија, а гостинот од Автокоманда е повеќе од фаворит на овој натпревар кој стартува во 20 часот.

Екипата на Шампион ќе добие службени бодови од мечот со откажаниот Кичево, а пак Вардар Неготино во оваа коло ќе биде слободен. До крајот остануваат уште четири кола, вклучувајќи го и оваа 23. коло.

Александар Ванев, М-Нет