
Овој викенд се одиграа натпреварите од 11. коло на Првата ракометна лига од групата А и групата Б, а кое ќе се комплетира в четврток со мечот меѓу Астраион и Кичево кој се игра во Струмица.
Ракометарите на Текстилец УГД од Штип запишаа триумф на гостувањето во Ресен каде со 26:28 беа подобри од екипата на Преспа Вардар, ова беше дуел од долниот дел на табелата.
Ракометарите на Овче Поле од Свети Николе претпеа тежок пораз од екипата на Еурофарм Пелистер 2 со резултат од 46:17 во Битола, Македонија ЃП со превисоки 41:29 забележа висока победа над Партизан.
Јехона на домашен терен го загуби мечот со Металург РА со 29:35, Аеродром немаше сили за фаворитот Мулти Есен и загуби со 26:40, додека пак Драчево беше пресилен за Шампион со 35:41. Вардар Неготино го доби Скопје во дерби на двата лански суперлигаши со 31:29.
Во однос на групата А место за плеј-оф фаќаат екипите на Еурофарм Пелистер 2, Мулти Есенс, Металург РА, Овче Поче и Јехона, а во групата Б тоа се Македонија ЃП, Младост Богданци, Драчево, Скопје и Вардар Неготино.
Александар Ванев, М-Нет