Текстилец УГД во Штип го пречекува Шампион, дерби на ланските суперлигаши Мулти Есенс и Еурофарм Пелистер 2

Утре се отвара 12. коло на Првата ракометна лига на Македонија со дербито на ланските суперлигаши Мулти Есенс и Еурофарм Пелистер 2, дерби за првото место, дерби на лидерот од Битола и скопскиот тим кој е втор на табелата во групата А.

Во сабота Партизан на домашен терен ќе има тежок меч против фаворитот Младост Богданци, Скопје како голем фаворит ќе го пречека „фенерџијата“ Преспа Вардар од Ресен.

Ракометарите на штипски Текстилец УГД на домашен терен во сала „Тошо Арсов“ ќе го пречекаат тимот на Шампион. Драчево на домашен терен ќе има дерби меч со Македонија ЃП.

В недела ќе се одиграат два натпревари. Кичево ќе игра со Јехона на домашен терен, каде гостинот од Гостивар ќе биде фаворит за триумф, а пак Металург РА ќе се соочи на домашен терен со Аеродром, каде тимот од Автокоманда ќе биде фаворит за осмиот сезонски триумф, а притоа во зависност од дербито на воедничките екипи може да прогресира и кон втората позиција.

Александар Ванев, М-Нет