
Викендот на програмата ќе бидат натпреварите од 9. коло на Втората кошаркарска лига, а во рамки на оваа рунда Соколи во Штип ќе го пречека тимот на МЗТ Скопје каде штипјани ќе имаат фаворитска улога која ќе сакаат да ја оправдата за брзо враќање на победничките патеки, после неочекуваниот пораз во претходното коло.
Колото ќе биде отворено во сабота со три натпревари, в недела ќе се одиграат два натпревари, а пак во понеделник ќе се комплетира истото. Ланскиот прволигаш Охрид на домашен терен ќе бара петто славје против Мега Баскет, во неизвесен меч на две екипи кои се во средината од табелата во Втората кошакарска лига.
Ангели како фаворит ќе игра против тимот на Работнички 2018 на домашен терен, додека пак Маџари ќе има неизвесен дуел со екипата на Бутел на домашен терен за триумф. Дербито на колото ќе се одигра во Велес каде ќе се соочат Борец Баскет и Црн Дрим од Струга, каде силно се посакува победа од страна на двете екипи кои имаат амбиции за влез во Првата лига.
Струмица ФМП на домашен терен ќе ја бара дури првата сезонска радост против Водно Санс во дерби на двете екипи кои во долниот дел од табелата.
Александар Ванев, М-Нет