Татко од Пехчево пријавил дека малолетната ќерка заминала да живее со малолетник од Кочани, добивал и закани од неговото семејство

На 22.02.2024 во 17.35 часот во ОВР Берово, 37 – годишен жител на Пехчево пријавил дека пред неколку дена, неговата малолетна ќерка заминала да живее со малолетник во Кочани. Според пријавеното, тој добил и закани од семејството на малолетникот. За случајот е запознаен јавен обвинител и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.