
Комисијата за натпревари на ФФМ на денешната седница донесе одлука со која теренот на ФК Башкими 1947 Куманово се суспендира за одигрување на првенствени и куп натпревари кога како домаќин е екипата на Башкими 1947 Куманово. Оваа одлука доаѓа по одигрувањето на натпреварот помеѓу Башкими и Каменица Саса, минатата сабота, бидејќи на оваа средба имаше инцидент.
Од Башкими изјавија: „Сметаме дека ќе добиеме мала казна, бидејќи инцидентот е намерно хиперболизиран. Да беше голем инцидент, судиите ќе ја прекинеа играта, па тоа беше мал инцидент, кој веднаш беше смирен и натпреварот продолжи“, изјави за М Нет-ТВ Арменд Дестани, претседател на ФК Башкими.