Судењето за пожарот во дискотеката Пулс во Кочани започнува на 19 ноември 2025 година

Седум месеци по трагедијата во дискотеката Пулс во Кочани закажано е судењето. Од Основен кривичен Суд Скопје информираат дека Главната расправа за кривично правниот – предмет поврзан со несреќата во дискотеката „Пулс“ во Кочани е закажана за 19 – ти ноември 2025 година со почеток во 09:30 часот, во судницата во КПУ Идризово.

„Како што претходно известивме, обвинителниот акт поднесен првично од ОЈО Кочани па со решение на Јавниот обвинител на РСМ, доделен во надлежност на Скопското јавно обвинителство, беше одобрен во целост, а потоа распределен на понатамошно постапување кај судија Диана Груевска Илиевска.“ – велат од кривичен.

Дополнително, заради ефикасно и економично постапување,  определени се повеќе термини за главна расправа односно 25.11.2025 год., 26.11.2025 год., 2.12.2025 год., 4.12.2025 год., 10.12.2025 год. и 11.12.2025 год, а по отпочнување на расправата ќе се усогласат и дополнителни термини. Поканите до странките се веќе во фаза на достава.

Со оглед на бројот на обвинети и интересот кај медиумите, како суд укажуваме на сите учесници во постапката да бидат присутни во судницата најмалку еден час пред закажаниот термин, заради неопходните безбедносни процедури како и навремено отпочнување со расправата – велат од кривичен.

Во меѓувреме, никој од обвинетите не признава вина, однонсо вината се префрла на други обвинети или веќе и починати лица. Во одбраната се вклучени триесетина адвокати, првенствено од Општина Кочани. Во случајот со пожарот во дискотеката Пулс во Кочани обвинети се над 30 физички и правни лица.

Исто така родителите на починатите известуваат дека, секојдневните блокади ќе бидат привремено прекинати, но со Маршевите продолжуваме секоја сабота – како симбол на упорноста и борба за вистината.

Лаура Стојанова Ќирчов, М-Нет