
Поминаа точно седум месеци од големата трагедијата што се случи во Кочани, а нејзините последици и понатаму се чувствуваат во Штип. Граѓаните велат дека болката не поминува, а сеќавањата на таа ноќ сè уште се свежи. Многумина со тешко срце зборуваат за случувањата, наведнуваат поглед и велат – како да беше вчера. Градот и понатаму тивко жали, а трагичната случка останува длабоко врежана во свеста на сите. Седум месеци подоцна, болката во Штип не стивнува.
Граѓаните на терен велат, ништо не е исто од таа ноќ. Некои со солзи во очите, други со стегнато срце, но сите со исто прашање, ќе има ли некогаш правда?
Инаку во траегдијата во дискотетка Пулс во Кочани загинаа вкупно 63 лица, а околу 200 беа повредени. Родителтие на починатите секоја сабота маршираат низ кочанските улици барајќи правда за своите чеда, кои катастрофално го изгубија животот на кобниот 16 март.
Иван Митев, М-Нет