Студот не ги спречи граѓаните за пазар во Штип, зелката веќе луксуз за да се конзумира

Празничен и студен пазарен ден на пазарот во Штип. Цените и овој петок идентнични како и претходниот, а најмногу барана мандарината и бананата. Граѓаните дополнително купуваа компир и марула, а зелката како што велат веќе им е луксуз.

Продавачите децидни дека производство има доволно, а согласно денешните пристапни цени, задоволителна и побарувачката.

Овој петок започна да се продава и актуелниот млад кромид, кој граѓаните го купуваа за да го комбинираат со салата. Се бараше и кивата, која се уште може да се сретна на тезгите кај продавачите.

Иван Митев, М-Нет