
Со свеки за сите членови од фамилијата, пресна погача, вино и силна молитва, граѓаните денес се помолија пред иконата на Св. Трифун, заштитникот на градинарите и лозарите. Здравје, мир и љубов, тие си посакаа еден на друг, а дополнително наполнија и светена вода за користење во својот дом. На тој начин како што велат, светиот дух ги штите и запазува.
На прашањето колку е во денешницата е потребна љубовта, верниците едногласни дека многу. Согласни дека се помалку е присутна
Инаку, Св. Трифун секогаш се празнува на 14 февруари а во народот е познат и како Св. Трипун. Уште од раното детство во него се пројавила необична Божја благодат со покажување на дар на чудотворство. Тој, на изненадување на своите современици, имал моќ над болните. Посебно душевно заболените по погледот на младиот Трифун биле излекувани. Некоја необична исцелителна сила зрачела од неговиот поглед. Меѓу многубројните негови чуда коишто ги вршел, се споменува и исцелувањето на ќерката на римскиот цар Гордијан.
Иван Митев, М-Нет