
Македонскиот шампион Струга Трим Лум ќе игра во квалификациите за Лигата на шампионите, а ждрепката посака да се соочи со Слован Братислава, екипа која можеби беше и најнепосакуваната за македонскиот прволигаш.
Митата сезона Струга беше елиминирана уште во првото коло од Жалгирис од Литванија и продолжи во квалификациите за Конфенциската лига на УЕФА каде стигна до плеј-офот и за малку не се пласираше на големото натпреварувања.
Првиот меч Струга го игра во Словачка на деветти или десетти јули, додека една недела подоцна се игра реваншот во Македонија. Победникот ќе продолжи во второто коло од Лигата на шампионите, а пак поразениот оди во второто коло од Конференциската лига.
Македонија во квалификациите на Конференциската лига ќе има два претставници. Освојувачот на Купот на Македонија, екипата на Тиквеш ќе се соочи со екипата на Бреидаблик од Исланд, додека пак вицешампионот Шкендија ќе игра против Ноах од Ерменија.
Шкендија беше носител на ждрепката со тоа што доколку ја помине првата фаза ќе ја биде носител и при ждрпеката за втората рунда. Првите натпревари се играат на 11. јули, а пак ждрепката е закажана за седум седна подоцна.
Првиот меч Тиквеш го игра дома, а вториот во Исланд, додека пак Шкендија првиот меч го игра во Ерменија, а вториот дома.
Александар Ванев, М-Нет