Големиот избор и ниските цени резултираа со недоволна раздвиженост на пазарот во Облешево

Денеска раздвиженоста на пазарот во Облешево не беше задоволувачка за произовдителите. Велат дека ваков пазарен ден одамна не виделе. Иако имаа што да понудат, сметаат дека недоволната раздвиженост се должи на големиот бран на иселување како и ниските парични примања. Велат и покрај тоа што цените се ниски сепак нема луѓе а со тоа ситуацијата станува и повеќе од алармантна. Во однос на температурите велат дека ги заштитуваат онолку колку што е потребно.

„На нула, претходниот пазар имаше 49 луѓе вртеа се сите а сега се 39 другиот пазар 29 ќе бидат луѓе опасна работа е. Температурите јас дома имам подготвено со зелена мрежа тоа дома ми е средено а тука со чадор добро е. Продавав кромид, ништо не продадов, компири ништо не продадов.“

„Најслабо ете како сме дошле така имаме растоварено тоа е. Нема кој да купе нема народот пари фактички тоа е. Пипер, зелка, краставици, домати, компир, грав се имаме. Кромид, ракија, афионско семе. Цените се задоволувачки. Доматот 40 денари, 30 денари компир, пипер 50 денари, краставици 25 денари. Имаме чадори, се покриваме да заштитеме. Ако не заштитеме тогаш робата ќе треба да ја фрлиме.

Граѓаните пак го купуваат она што им е најпотрено, велат дека некако мора да се живее и покрај тоа што поголем дел од пензионерите земаат ниски пензии. Свесни дека стандардот е превисок но мора да се земе она што недостасува.

„Пипер да купеме, домати да купеме она што ни недостасува дома. Средни се цените не се многу високи. Пензиите се ниски ама нема што да правеме тоа е тоа.“

„Се што е потребно околу зеленчуци и овошје. Оти по природа мојот организам бара овошје и зеленчуци и тоа ме одржува. За нашиот стандард се високи во Македонија, апсолутно се сложувам.

„Скапо е, луѓето сакат нешто да има да се земе да не работат. Па едно време, ја сум 80 години, 805 си ја заработувавме исхраната, само се жалат“

И покрај тоа што цените беа пониски за разлика од претходната недела, сепак раздвиженоста беше многу загрижувачка, затоа сведочи непродадената стока. Дел од нив беа со ставот дека можеби и наредната недела нема да бидат присутни на пазарот доколку се случи истото непосакувано сценарио.

Лаура Стојанова, М-Нет