Струга Трим Љум се засили со Марјан Радески

Повремениот македонски репрезентативец Марјан Радески го засили есенскиот првак Струга Трим Љум.

27-годишниот крилен играч се враќа во македонскиот шампион, откако настапуваше за Пјуник во Ерменија. Негово искуство ќе значи многу за тимот предводен од Срѓан Захариевски на патот кон првата историски тутила во ПМФЛ.

Радески во Првата македонска фудбалска лига има настапувано за Шкупи, Акадмеија Пандев, Шкендија и Металург.