Струга преку Воска изби на врвот од табелата, Силекс го доби Вардар

ФОТО: Телевизија М Нет | АРХИВА

Вчера се одиграа двата одложени натпревари од 15. коло од Првата македонска фудбалска лига. Силекс на домашен терен со 3:2 го доби последнопласираниот Вардар, а пак Струга со минимални 1:0 ја доби Воска Спорт во Езерското дерби.

Шампионот Струга Трим Лум со овој триумф изби на првото место на табелата со 36 бодови на своето конто, а сега Шкупи се спушти на второто место со 35 бодови.

Шкендија е трета со 32 освоени бодови, а пак на 4. место со 27 бодови е Силекс. Работнички е петти со 23 бодови, а бод помалку има Тиквеш кој е на шестото место. Гостивар со 21 бод е на седмата позиција, а пак Брера Струмица со 20 бодови е на осмото место.

Македонија ЃП на своето конто има 18 бодови и се наоѓа на деветтото место. Во бараж зоната за опстанок е Брегалница со 17 бодови, колку што има и Воска Спорт која е претпоследна, а пак Вардар со 14 бодови е на дното од табелата односно на последното 12-то место.