Стојчевки ќе го суди Куп-финалето помеѓу Македонија ЃП И Струга Трим Лум

Во недела (20. мај) се игра големото финале од Купот на Македонија помеѓу бранителот на Куп-титулата, екипата на Македонија Ѓорче Петров и новиот шампион во Првата лига, екипата на Струга Трим Лум.

Натпреварот ќе се одигра на теренот на Фудбалската федерација на Македонија со почеток од 17 часот.

Струга Трим Лум ја освои историската титула во ПМФЛ, а сега е на добар пат да го освои и Купот за првпат, па тоа ќе биде историска двојна титула за стружани.

Игор Стојчевки од Скопје ќе биде главен судија на финалето, негови помошници ќе бидат Даниел Василевски и Бранко Путилин, исто така од Скопје. За четврт судија е делегиран Крумислав Ѓоргиев од Штип.

Делегат на мечот ќе биде Игор Франгоски од Скопје, а пак Благој Шуклев од с. Стојаково (Гевгелија) ќе биде контролор.