Стојан Ѓуроски по победата над Азербејџан:„Почнавме доста споро и меко, но се гледа дека сме поквалитетна репрезентација“

Еден од најискусните во овој ростер на нашиот национален тим го даде својот максимум на дуелот во Баку. Згора на тоа, дојде до двоцифрен број на поени – 10, и имаше придонес во крајниот успех, односно четврттата победа по ред во групата „А“ од претквалификациите за Еврробаскетот 2029.

„Искрено, тешка победа, помалку и очекувано ако се знае дека против Ирска одиграа доста поквалитетно. Го почнавме натпреварот доста споро. И морам да признаам доста меко. Им дадовме мотиви, да знаат дека може да победат.

После тоа „се стегнавме“ и го дадовме својот максимум. Ја сменивме нашата игра и стигнавме до победата. Се гледа дека сме поквалитетната екипа. Меѓутоа и на овој и на сите други натпревари мораме да влеземе максимално за да стигнеме до победата, затоа што никој нема да ни ја даде. И без оглед на тоа дали губиме или водиме 20 поени, оваа репрезентација игра до крај“ – коментираше искусното крило по успешниот настап во Баку.