Гордо и достоинствено ООУ „Раде Картовче“ Кочани го одбележа својот патрон празник

Гордо и достоинствено пред спомен бистата на Раде Кратовче, кочанското основно училиште го одбележа својот партон празник. Со пригодна манифестација на основците и нивните наставници, како и положување свежи цвеќе се одбележа 80 годишнината од смртта на Раде Кратовче.

„ООУ „Раде Кратовче“ Кочани е најстарото општинско училиште во Кочани и преставува расад на талентирани и образовни луѓе. Нашето училиште секогаш е позитивно настроено кон напредок, кон надградување и со стремеж за создавање на поквалитетни услови за работа и учење на наставниот кадар и учениците“ – вели Гацовски.

На одбележување на партон празникот се доделија и соодветни признанија на наставници, за јубилеј 30 години од вложување во образованиот процес.

Настанот беше збогатен и со рецитал од страна на ученицте.

Лаура Стојанова М-Нет