
Голем е интересот кај дечињата за пливање, затворениот базен кој го доби Штип нуди одлични услови за работа, а пливачкиот ватерполо клуб Видра веќе има скоро околу 80 дечиња на тренинг, а атмосферата е одлична. Уште од петгодишна годишна дечињата може да ги направат првите почетоци кон пливањето.
„Нашиот клуб Видра кој што почна остварување на школа за пливање за дечиња од пет годишна возраст па нагоре. Ние сме презадоволни од одѕивод веќе имаме скоро околу 80 дечиња на тренинг, атмосферата е прекрасна. Би сакал да се заблагодарам за поддршка од општина Штип која ни ја дава со давање на термини на зимскиот базен кој еве би сакал да кажам, пак уште едно задоволство дека базенот кој го чекавме повеќе од 70 години, нашата желба и сон се оствари. За неупатените би сакал да кажам дека пливачки клуб и пливање во Штип постои од 1952 година и од тогаш наваму имаше континуирано пливање на поранешниот градски базен во летниот период“, вели Дарко Нашков од пливачки ватерполо клуб Видра.
Целта на клубот е што повеќе дечиња да научат да пливат, а притоа како што вели Нашков во Штип ќе се роди идниот шампион на Македонија.
„Поентата на основањето на пливачко ватерполо клубот Видра од Штип е да донесеме што повеќе дечиња и да научат да пливат, второ наш сон е да од овде и ние гарантираме дека доколку имаме вакви услови за работа и се надеваме уште подобри и уште поголема поддршка од сите фактори дека овде во Штип ќе се роди идниот шампион на Македонија. Гарантираме дека за многу брзо време, нормално за тоа треба години, но тоа во спортот е нормално, но многу брзо ќе чуете дека некое штипско дете ќе биде изненадување на државните првенства“, дополнува Нашков.
Клубот има јасна визија и тренинг програма, во која првично дечињата го совладуваат стравот во првите моменти, а потоа се учат технички за пливање.
„Пливачкиот ватерполо клуб Видра од Штип има јасна визија за тренинг програмата. Нашата тренинг програма е насочена кон совладување на стравот во првите моменти за децата почетници. Имаме веќе формирано и напредна категорија во којашто децата кои го победиле стравот веќе учат техники за пливање и пливачките категории кај нас веќе имаме издефинирано пливачи во стилот краул и стилот градно. Веќе тренираат на издржливост и на усовршување на техниката. Нашата визија е да изградиме не само шампиони тука да изградиме успешни луѓе во општеството“, рече Ване Маневски од пливачки ватерполо клуб Видра.
Една од можностите за селектирање ќе биде и соработката со основните училиште во Штип, а во иднина ќе има и градски турнир помеѓу трите постоечки пливачки клубови.
„Очекуваме базенот да работи и со основните училишта од општина Штип, кадешто сметам дека ќе се селектираат една поголема група од која понатаму ќе станат членови на пливачките клубови. Инаку во програма на пливачкиот клуб Видра е предвидено градски натпревар со самиот крај на учебната година пливање, а за денот на градот 8 ноември, ќе направиме градски турнир помеѓу трите веќе постоечки пливачки клубови.“, дополнува Маневски.
Термините на пливачко ватерполо клубот Видра се во понеделник, среда и петок од 18 до 19 часот и во истите денови од 20 до 21 часот.
Александар Ванев, М-Нет