Стојанов ќе им суди на Шкупи и Беса, Ќерими главен во Кратово

ФОТО: Александар Ванев, М-Нет

Овој викенд ќе се играат натпреварите од 23. коло на Прва лига, сите во недела освен мечот меѓу Работнички и Тиквеш кој се игра во понеделник, а сите од 14 часот.

Ивана Пројковска ќе биде главна на мечот меѓу Шкендија и Пелистер, Бењамин Ќерими ќе им суди на Силекс и Вардар.

Александар Грујоски на Гостивар и Брера, Александар Урошевиќ ќе ја дели правдата на мечот меѓу Работнички и Тиквеш.

Јован Качевски ќе биде главен судија на мечот меѓу Струга и Воска, а пак Стојанче Стојанов на Шкупи и Беса.

Александар Ванев, М-Нет