
Познати судиите за 20. коло во Втората лига. Здравко Костовски ќе им суди на Вардар Неготино и Кожуф, Нинослав Нанков на Скопје и Детонит Плачковица.
Доне Ристовски на Осогово и Брегалница во Кочани, Спире Арсов ќе биде главен судија на мечот меѓу Вардарски и Борец, Пларент Салихи ќе им суди на Каменица Саса и Македонија ЃП.
Кирил Смоковски ќе биде главен судија на мечот меѓу Новаци и Арсими, Ндерим Тефику во Прилеп каде ќе играат Победа и Беласица, а пак Марјан Дејаноски ќе им суди на Башкими и Охрид.
Сите натпревари ќе започна во 14 часот.
Александар Ванев, М-Нет